Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Бугарија ја презеде контролата врз рафинеријата на Лукоил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns
YouTube/Print Screen

Бугарскиот парламент изгласа закон со кој рафинеријата на руската групација Лукоил во Бургас, на Црното Море, ја стави под државна контрола.

— реклама —

Тоа е последица на американските санкции воведени во октомври против рускииот нафтен гигант. Ова ја загрижи бугарската влада дека руската рафинерија, со промет од 4,68 милијарди евра во 2024 година, ќе мора да се затвори поради санкциите.

— реклама —

Американските санкции, кои ќе стапат во сила на 21 ноември, ќе доведат до прекин на работењето на рафинеријата, поради одбивањето на сите страни да вршат плаќања на компаниите што припаѓаат на Лукоил.

Лукоил индиректно поседува 99,85 проценти од рафинеријата Нефтохим во Бургас.

— реклама —

Одлуките поврзани со продажбата ќе мора претходно да бидат одобрени од Државната агенција за национална безбедност, а средствата од трансакциите ќе се депонираат на специјална сметка во Бугарската развојна банка.

Бугарската влада ќе назначи специјален менаџер за управување со компанијата. Тој ќе биде овластен, со одобрение на Владата, да продава акции по проценка на пазарот, одлучија бугарските пратеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7fbp9pfef7997NKXaMY

(Видео) Млад скопјанец уапсен со речиси 100.000 евра во фалсификувани банкноти – доби притвор во Бугарија

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryk6tnu0lu41e85bislVo

Уапсени тројца осомничени за убиството на Слави Бинев – пресретнати на автопат во Бугарија

Свет | пред 5 часа

media-librarym8dkaocv9enf6JfDNlq

Убиен познат бугарски бизнисмен и поранешен европратеник – Слави Бинев застрелан во Софија

Свет | пред 5 часа

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Бугари измамиле 79-годишна жена кај Дубровник, ѝ зеле 8.000 евра за лажна операција

Балкан | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања