Бугарија лута на Македонија: Очекуваме јасни решенија, нема повеќе да веруваме на ветувања!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pendarovski-i-radev

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати. Само реални резултати во дијалогот со Бугарија ќе го забрзаат процесот на европска интеграција за Република Северна Македонија, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев за време на состанокот со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи.

— реклама —

Според тамошните медиуми, Радев во изјавата кажал дека Бугарија очекува ефективни активности од институциите на Европската Унија за воспоставување на вредностите на демократијата и почитување на човековите права во Република Северна Македонија.

„Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во Европската Унија, но за тоа е потребно целосно исполнување на копенхашките критериуми за членство на Република Северна Македонија, особено почитување на човековите права и принципите на добрососедство со Европската Унија“, потенцирал бугарскиот претседател.

— реклама —

Бугарските агенции пренесуваат и дека Радев во обраќањето пред Вархељи потсетил дека договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија, потпишан во 2017 година, не се спроведува.

„Нашиот сосед сѐ уште не ги решил проблемите со говорот на омраза како и во однос на правата на граѓаните на земјата, кои отворено ја изразуваат својата бугарска самосвест“, изјавил Радев.

На средбата, според соопштеното, бил донесен заеднички став дека во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан и решавање на спорните прашања најважен е директниот и отворен дијалог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања