Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Бугарија лута откако се дозна дека руски свештеник кој живее во Софија, шпиунирал во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
1-5

Нели ѝ е срам на бугарската разузнавачка служба што службите на мала Македонија дознаа дека рускиот свештеник кој живее во Софија и служи во Руската црква се занимава со разузнавање во Македонија и затоа го протерале од таму. А тој без никакви проблеми удобно си живее во Бугарија, изјави за БНТ генералот Атанас Атанасов, кој е претседател на партијата Демократи за силна Бугарија (ДСБ) и копретседател на парламентарната група на владејачките Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

— реклама —

Тој ја критикува работата на бугарските безбедносни служби и побара сериозна реформа и создавање обединета разузнавачка служба. „Ефективноста на оваа служба ДАНС е на критично, многу ниско ниво. Не сум задоволен од работата на бугарското контраразузнавање по руски линии, особено по почетокот на војната. Протераниот свештеник Змеев е поглавар на Московската патријаршија во Софија. Змеев одел во Северна Македонија за да ги извршува функциите на руското разузнавање со цел да дојде до раскол во македонската црква“, изјави Атанасов.

— реклама —
— реклама —

Порталот Религија.мк објави дека Змеев е рускиот црковен претставник на Московската патријаршија, кој изминатава година имаше интензивни посети на Македонија и зачестени средби со архиепископот Стефан и митрополитите Григориј и Петар. Тој е координатор на Балканот за руските црковни политики, со особено влијание во Бугарија и во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања