Бугарија е подготвена да мобилизира до 3.000 лица од армијата и транспортна техника доколку биде побарано да биде зајакнато обезбедувањето на границите, изјави денеска бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов. Каракачанов додаде дека е подготвен да испрати војници на границата со Грција во случај да се влоши состојбата со мигрантите.
Министерот на својот Фејсбук налот објави дека од петокот тој и министерот за внатрешни работи на Бугарија Младен Маринов е во постојан контакст со премиерот на Бугарија.
Моментално на Бугарија не и се заканува опасност. Без огледа на тоа, за да осигруриме дополнителна гаранција за националната безбедноста на нашата земја, заедно со началникот на Генералштабот на војската, генералот Боцев рано утрово (во понеделник наутро) ќе го известам премиерот на Бугарија Бојко Борисов дека бугарската војка во случај на потреба е подготвена на граница да испрати 3000 војници со единици на транспортна техника, за да им помогнеме на силите на редот да им се спротивстават на потенцијалните групи илегални мигранти“, напиша Каракачанов на Фејсбук.
https://www.facebook.com/KrasimirKarakachanovVMRO/photos/a.248862748459355/2357333707612238/?type=3&theater
Каракачанов додаде дека е можно бегалците во Грција и Турција да се користат во предизборни цели заради промена на западноевропските ставови пред изборите во мај.
-Не сакам да има паника, но објективно гледајќи, кога во соседните земји има проблеми, треба да сме подготвени, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов.
– Границата со Турција добро се чува, се почитуваат договорите. Но со Грција е проблем. Точно таму, околу Солун се развиваат тие процеси. Сега жандармеријата е таму, армијата е во состојба на подготвеност, распоредуваме техника и луѓе за да си ја зачуваме државата, изјави Борисов.