Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Бугарија се подготвува за Евровизија: Два града останаа во трката за домаќин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-libraryhpho056e92mo1CitXBO

Софија и Бургас се двата бугарски града што останаа во финалната трка за организација на Изборот за песна на Евровизија 2027, соопшти Бугарската национална телевизија (БНТ). По првиот круг од изборот, Варна и Пловдив беа елиминирани поради недоволно исполнување на техничките и инфраструктурните критериуми.

— реклама —

Комисијата ги оценувала кандидатурите според повеќе параметри, меѓу кои техничките можности на арените, сообраќајната поврзаност, хотелските капацитети, безбедносните услови и подготвеноста на градовите да примат илјадници посетители, делегации и медиумски екипи.

Бугарија ќе биде домаќин на Евровизија 2027 благодарение на историската победа на пејачката Дара со песната „Bangaranga“ на натпреварот што се одржа во Виена во 2026 година. Тоа беше првата победа на Бугарија во историјата на Евровизија.

— реклама —

Софија важи за главен фаворит поради развиената инфраструктура, големиот број хотели и најдобрата меѓународна поврзаност во земјата. Како локација за одржување на натпреварот е предложена арената „8888 Софија“, која располага со околу 12.000 седишта, а за концерти може да прими и поголем број посетители.

— реклама —

Од друга страна, Бургас се потпира на модерната „Арена Бургас“, отворена во 2023 година. Градот ја истакнува својата туристичка понуда, меѓународниот аеродром и локацијата на брегот на Црното Море како свои главни предности.

Од БНТ соопштија дека елиминацијата на Варна и Пловдив не ги доведува во прашање нивните културни и туристички квалитети, туку дека одлуката е донесена исклучиво врз основа на однапред утврдени технички и организациски критериуми, пропишани од Европската радиодифузна унија.

Директорот на Евровизија, Мартин Грин, им се заблагодари на Пловдив и Варна за интересот и ангажманот во процесот на кандидатурата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Мир или војна, демократија или корупција“: Радев за вториот круг од изборите

Балкан | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryigravshfotktf7bjCFs

Речиси целосно обработени гласовите во Бугарија, разликата меѓу Јотова и Ѓуров е 42.826 гласа

Балкан | пред 4 дена

media-library7fbp9pfef7997NKXaMY

(Видео) Млад скопјанец уапсен со речиси 100.000 евра во фалсификувани банкноти – доби притвор во Бугарија

Свет | пред 6 дена

media-libraryk6tnu0lu41e85bislVo

Уапсени тројца осомничени за убиството на Слави Бинев – пресретнати на автопат во Бугарија

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања