Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Бугарка измамила скопјанка, ветувајќи дека ќе и ја истера “црната магија“ и извлекла 700 евра и две златни лири

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
magija

Полициски службеници ја лишиле од слобода С.Н.Б.(56) од Република Бугарија, со живеалиште во Скопје, поради постоење основано сомнение дека, доведувајќи ја во заблуда, на жена од Скопје и земала 700 евра и две златни лири. С.Н.Б. случајно ја сретнала оштетената во центарот на Скопје и, според пријавеното, во разговор и кажала дека забележала дека има проблеми, дека и е направена црна магија и дека таа може да и помогне да ја истера магијата.

— реклама —
— реклама —

Тие имале средби во центарот на Скопје, при што во три наврати С.Н.Б. одзела вкупно 700 евра и две златни лири од оштетената. При лишувањето од слобода, кај С.Н.Б. биле пронајдени златните пари и девизите и и биле вратени на оштетената.

— реклама —
— реклама —

За случајот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање против С.Н.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања