Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Бугарската агенција „БГНЕС“ објави натпис со наслов: „Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е ‘женет за Бугарка’“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-1

Бугарската агенција „БГНЕС“ објави дека Стевица Јанева, која наводно е сестра на Рози Мицкоска, сопруга на Христијан Мицкоски има бугарско државјанство. Агенцијата пишува дека овој факт го потврдиле откако виделе во избирачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија, стои името на сестрата од сопругата на Мицкоски, објави bgnesagency.com.

— реклама —

„Стевица работи како нотар во градот Струмица, има бугарски пасош. Овој важен документ може да го добие само врз основа на докажано бугарско потекло и да се самоопредели како Бугарка. Стевица Јанева е на списоците за претстојните парламентарни избори во делот 47 од општината Петрич, што е оддалечено само неколку километри од нејзината родна Струмица. Нејзиниот сопруг Јорданчо Јанев е сопственик на најголемиот ресторан во центарот на Струмица. Тој е исто така бугарски државјанин и се појавува на избирачките списоци, само во Благоевград. Доколку сака, може да го искористи своето право на глас во делот 25 во Второто основно училиште ‘Димитар Благоев’, стои во текстот на „БГНЕС“ објавен на веб-страницата bgnesagency.com.

Дополнително во текстот се додава и „дека ако Стевица Јанева, сестра на Рози има бугарско државјанство врз основа на докажано потекло, бидејќи такво се дава само ако нејзините предци се Бугари, тогаш и Рози Мицкоска е Бугарка“.

— реклама —

извор: bgnesagency.com.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања