Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Бугарската академија БАН: Не постои македонски јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sofija-bugarija

По денешната седница во Софија, Бугарската академија на науките се огласи со став дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик. Македонската позиција е лажна, велат од БАН, објави Дојче Веле на Македонски јазик.

Со тврдењата дека постои македонски јазик се нарушуваат односите меѓу двете земји, оценуваат бугарските академици испровоцирани од Повелбата на Македонската академија на наука и уметност од 3 декември. Тамошната научна академија- БАН попладнево усвои став сличен на оној на државниот врв во Софија искажан во декларацијата од октомври годинава, дека македонскиот јазик е наречје на бугарскиот, а придружните документи содржат и серија квалификации и навреди за македонскиот јазик.

— реклама —

БАН признава дека денешниот став е директна реакција на донесената Повелба за македонскиот јазик од страна на МАНУ.

— реклама —

„Документот (на МАНУ, н.з.) предизвика многу сериозни научни забелешки“, се наведува во соопштението на бугарската академија.

— реклама —

Текстот во целост на: dw.com

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања