Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Бугарската дијаспора во САД во акција против Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
1-5

Името Македонци и во 19 и во 20 век и денес не е со етнографско, туку со географско значење, се вели во уште едно отворено негирање на постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик од Бугарија, овојпат од бугарското Здружение на потомците на бегалците и преселените од територијата на Северна Македонија (бугарската дијаспора во САД). Ова здружение се обратило до Конгресот на САД по повод, како што велат, неточности за минатото на географскиот регион Македонија во нацрт-резолуцијата (S.Res.311) поднесена до Конгресот од страна на македонски организации со што се загрозуваат добрите партнерски односи меѓу САД и Бугарија.

— реклама —

По иницијатива на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), републиканскиот сенатор од Индијана, Мајк Браун, пред Сенатот предложи резолуција со која се планира септември 2023 година да биде прогласен за „Месец на македонско-американското наследство“, да се слават македонскиот јазик, историја и културата на македонските Американци и нивниот неверојатен придонес за САД.

— реклама —

Ова предизвика нервоза меѓу бугарската дијаспора во САД, која прави сè оваа предлог резолуција да не помине во Конгресот.

„Со оглед на изнесените факти, апелираме предлог-резолуцијата да биде отфрлена поради содржаните фалсификати и манипулации, со кои се нанесува навреда на бугарскиот народ и се отвора патот кон дестабилизација на Централниот Балкан. Апелираме меѓународната демократска заедница да ги поддржи демократските средини во Северна Македонија, да се создадат демократски медиуми независни од Белград, во кои ќе може слободно и без предрасуди да се дискутираат прашањата поврзани со минатото, сегашноста и иднината на Скопје, откако ќе се прекинат злобните југословенски тоталитарни практики наследени од минатото и конечно да се постигне национално помирување“, се вели во писмото на бугарското Здружение на потомците на бегалците и преселените од територијата на Северна Македонија испратено до американските сенатори.

— реклама —

Тие, како и актуелното бугарско раководство, продолжуваат со тезите дека „концептот за присуство на етничките Македонци бил развиен во Србија во втората половина на 19 век и имал основна цел да послужи како преодна фаза кон денационализацијата на македонските Бугари и нивното постепено доближување кон Белград.

— реклама —

Повеќе...

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања