Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Бугарски европарламентарец „исвиркан“ во македонското Собрание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230516212436

Бугарскиот европратеник Александар Јорданов, кој наедно е и поранешен амбасадор на Бугарија во Скопје, беше исвиркан во македонското Собрание откако повторно се служеше со навреди на национална основа.

— реклама —

На Јорданов кој за време на прославата на годишнина од раѓањето на Гоце Делчев на социјалните мрежи се служеше со квалификации како „титоисти“, „Србомански измет“ и „родени Бугари“ денеска му беше дозволено да зборува во македонскиот Законодавен дом.

— реклама —

-Мора да знаете историја. Таа е вечна дисциплина. Гоце Делчев неколкупати се декларирал како Бугарин. Браќата Миладиновски напишаа зборник на бугарски народни песни кои ги нарекоа македонски само затоа што се од регионот на географска Македонија. Не може тие да станат македонски песни, рече Јорданов.

— реклама —

По ова наиде на довикувања од пратениците дека ова не е час по историја, дека има кој да расправа за тоа, дека постои историска комисија и дека историјата овде не е тема, на што тој возврати дека „ историјата била европска вредност“.

-Непримерно е овде да зборувате за тоа, ниту пак имате научни докази како се чувствувале Македонците, му возврати Соња Мираковска од СДСМ. Потоа го потсети дека Комитетот на министрите на Советот на Европа има резолуција која утврдува дека нашата држава системски не го дискриминира бугарското малцинство. За законот за имињата на граѓанските здруженија му порача дека е усвоен со консензус од сите политички партии, дека тие не се забрануваат туку начинот на кој се именуваат и дека такви правила има и во Германија. За уставните измени рече дека е формирана работна група која работи на нив и дека станува збор за долг процес во кој самата процедура на измена на Уставот трае четири месеци.

Реагираше и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека нема втор пример во светот на ваков систематски начин да се удира по правото на самоопределување на еден народ, по правото да го именува мајчиниот јазик и слично и дека е крајно понижувачко Македонија да треба да ја менува историјата и да менува како се определува за да влезе во Европската унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања