Промени тема
Контакт

Бугарски пратеници со забрана за влез сепак присуствувале на судењето во Кочани за Ива Михајлова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryt38ap4v3jktjdjinEwG

Двајца пратеници од бугарската партија „Преродба“ објавија фотографии со кои потврдија дека присуствувале на судското рочиште во Кочани за 23-годишната Ива Михајлова, која има македонско и бугарско државјанство.

Според телевизија Телма, станува збор за Крсто Врачев и Ангел Георгиев, иако, како што наведува медиумот, тие имаат важечка забрана за влез во Македонија врз основа на судска одлука.

— реклама —

За време на судењето, двајцата упатија критики за, како што рекоа, состојбата со владеењето на правото во Македонија и обвинија дека Михајлова, која се изјаснува како Бугарка, е неправедно третирана.

— реклама —

Телма потсетува дека Врачев и Георгиев се меѓу 27 лица опфатени со пресуда на Основниот суд во Битола, со која им е изречена едногодишна забрана за влез во Македонија, бидејќи во јуни минатата година нелегално ја преминале македонско-грчката граница и нелегално престојувале во земјата.

— реклама —

Покрај забраната за влез, тие биле казнети и со парични казни во износ од 50 до 230 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања