Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Бугарските медиуми: Притворените навивачи се ослободени, ги држеле во мизерни услови без храна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Навивачите на Левски кои беа приведени во Скопје се ослободени, јавуваат дел од бугарските медиуми.

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Како што се наведува, казните им се платени со парите собрани од фанови на фудбалскиот клуб.

— реклама —

„Преку специјална акција, синоќа преостанатите приврзаници на „сините“ успеаја да ја набават потребната сума за плаќање на казните на приведените кои се движат од 150 до 200 евра по лице“, пишува „гонг.бг“.

На „Фејсбук“ страната на „100 години Левски – Софија“ се наведува дека навивачите на Левски биле држени речиси еден ден во полициските подрачни канцеларии низ Северна Македонија под крајно мизерни услови.

— реклама —

„На навивачите не им се дава храна, а вода може да пијат само од чешмата во тоалетот“, се вели во објавата каде во прилог има фотографија од тоалет кој наводно се наоѓа во станицата.

Се додава дека обвиненијата против Бугарите властите во Северна Македонија ги менуваат на секои три часа.

— реклама —

За насилството пред и по натпреварот приведени беа 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир. Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. Околу полноќ полициските службеници приведоа и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, информираа синоќа од МВР.

„Макфакс“ објави и снимки каде се гледа судирот меѓу навивачите и полицијата.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања