Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир: „На Чаир му се потребни вистински, длабоки и човечки промени“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
WhatsApp-Image-2025-07-21-at-19.28.59_2052bd38

Бујар Османи денеска ја објави својата кандидатура за градоначалник на Општина Чаир, нагласувајќи дека одлуката е резултат на долги консултации и сериозно преиспитување, направени заедно со неговите најблиски соработници и пријатели.

„Не станува збор за функција. Тие што ме познаваат, знаат дека сè што правам, го правам искрено и целосно, без задршки. Оваа одлука ја носам од чувство на одговорност кон сопствениот дом“, рече Османи.

— реклама —

Тој истакна дека граѓаните на Чаир не заслужуваат да живеат во супстандардни и небезбедни услови, ниту пак да бидат игнорирани и омаловажувани. Кандидатурата, како што вели, е посветена на луѓето од Чаир, неговите соседи и иднината на нивните деца.

— реклама —

„Го прифаќам предизвикот затоа што како што пораснав јас во Чаир, така сакам да растат и Мал, и Елиза, и малиот Луан – и нивните другарчиња. На Чаир му се потребни промени – вистински, длабоки и човечки“, потенцира Османи.

Тој признава дека промените нема да бидат лесни, но верува дека со чесна намера, секојдневна работа и професионален пристап, Чаир може да се трансформира.

— реклама —

„Можеме да го вратиме достоинството и да отвориме нова страница – со врата што никогаш нема да биде затворена за граѓаните“, порача кандидатот.

На крајот, тој упати благодарност до сите кои му ја изразиле поддршката:

„Од денес тргнувам во овој предизвик. Ви благодарам за довербата.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3iv1jbe8438q2BqlKAG

(Видео) На пазарот во Чаир откриена нелегална продажба на акцизни производи, запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryhc48gdh0e4qvc35eacG

(Видео) Сообраќајка во Чаир: се судрија автомобили, делови од нив се по улицата

Скопје | пред 4 дена

media-libraryoqe0glts9k850Gs0EQd

По синоќешниот протест во Чаир, сообраќајот е нормализиран, а проблемот со водоводната мрежа е саниран

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo2di6bl0e9adeM6snzP

(Видео) Граѓаните вчера излегоа на протест во Чаир поради проблеми со водоводот и канализацијата

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања