Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Бујар Османи: Продолжуваме фокусирани со регионален пристап бидејќи дава подобри резултати во развој на сите региони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
12112019_VRSM_Osmani_Bekteshi_poseta_Tetovo_3

До сега во Тетово и регионот само во инфраструктурата завршивме проекти во вредност од преку 5 милиони евра, а во фаза на реализација се проекти во вредност од преку 7 милиони евра, истакна Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи при денешната посета во Тетово.

— реклама —

Тој заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на ЈП Македонија пат, Беким Мемеди, извршија увид во реконструкција на булеварот Видое Смилевски Бато во Тетово, што е дел од регионалниот пат Тетово - Јажинце.

— реклама —

Регионалниот пристап што го правиме преку одржување на седниците на Влада дава подобри резултати бидејќи владата и министрите се фокусираат на одреден регион и ги согледуваме сите проблеми и на тој начин овозможуваме рамномерен регионален развој, истакна Вицепремиерот Османи.

— реклама —

“Oва е втора седница што е надвор од Скопје а се однесува на пофокусиран пристап на одреден регион. Денеска ги дебатиравме проектите за патиштата и комунaлните проекти, околу 5 милиони евра завршени во овој регион, околу 7 милиони евра во тек и во фаза на подготовка, а веќе започна да се реализира проектот со 70 милиони евра за локални патишта.  Морам да го спомнам патот Тетово -Попова Шапка во должина од 18 км, многу важен за развојот на туризмот и за развојот на модернизираниот скијачки центар, понатаму подготовката на автопатот Тетово -Гостивар и магистралниот гасовод Скопје –Тетово  - Гостивар. Понатаму проширување на водоводните канализациони и водоводни мрежи во целиот овој регион, што е исклучително важно за подобрување на стандардот за живеење на граѓаните” изјави Бујар Османи, заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања.

— реклама —

Директорот на ЈП Македонија пат, Беким Мемеди, истакна дека реконструкција на овој патен правец е во вредност од 37 милиони денари и најави силна градежна сезона за следната година.

“ЈП Македонија пат во соработка со градоначалничката на Тетово и во координација со министрите донесовме одлука од огромно значење за жителите на Тетово и општините кои гравитираат кон Тетово, а тоа е реконструкција на овој патен правец во индустриската зона во Тетово во должина од 4 км и вредност од 37 милиони денари. Ние како Јавно претпријатие нема да застанеме тука, имаме предвидено повеќе проекти за идната година, така да на пролет следната година очекуваме нова асфалтна офанзива за да ја подобри комуникацијата на сите граѓани”, изјави  Беким Мемеди, директорот на ЈП Македонија пат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања