Буково за прв пат добива колекторски систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0644

Започна изградбата на колекторскиот систем во опфат од излезот на населбата Буковски ливади до селото Буково, во должина од околу 1500 метри, по што ќе следува санација на коловозот до ова населено место. Градоначалничката Наташа Петровска, директорот на КЈП „Нискоградба“ и задолжените екипи за изведба на терен, ја посетија локацијата од каде стартува проектот и ги запознаа присутните и локалното население со начинот и динамиката на работа.

— реклама —

„Вкупната инвестиција во овој дел ќе биде над 13.000.000 денари, исклучиво средства од Општина Битола. со што ќе озовможиме подобрени услови и услуги кон граѓаните од овој дел, бидејќи станува збор за село кое што е живо, со голема традиција и во близина на градот. Со овие активности ќе овозможиме и заштита на животната средина, а воедно и подобрени услови за развој на руралниот туризам, кој што и тоа како претставува атракција во денешницата, кога зборуваме за туризмот. Со овој проект продолжуваат градежните активности кои што досега ги изведуваше Општина Битола и со кои покажавме дека општината се грижи за сите месности и населби“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

— реклама —

КЈП „Нискоградба“ склучи договор со Општина Битола во вредност од околу 8.000.000 денари за изведба на фекалната канализација и колекторскиот систем.

— реклама —

„Со изведбата ќе бидат прифатени сите фекални води од селото, а во иднина се предвидува, повторно во соработка со Општина Битола, да се изведи изградба на секундарна канализација за која проектот е изготвен“, посочи директорот на КЈП „Нискоградба“, Методи Сиљановски.

фото: Општина Битола

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања