Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Булмак: Несреќен настан во рудникот „Тораница“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
rudnik

При поставување експлозивни средства за минирање во јама на рудникот „Тораница” – Крива Паланка вчера во попладневните часови се случи несреќа, во чии рамки беа повредени тројца рудари од овој рудник.

Kако последица на сериозноста на повредата и видот на ранувањето, еден од нашите вработени подлегна на повредите, додека останатите двајца беа пренесени во ЈЗУ Општа Болница "Куманово", информираат од компанијата „Булмак 2016" ДООЕЛ Пробиштип.

— реклама —

Одговорни лица од нашата компанија, порачуваат, се во континуиран контакт со болницата и ја следат состојбата на повредените колеги.

— реклама —

-За овој трагичен настан компанијата „Булмак 2016" веднаш ги извести сите надлежни институции и органи кои пристапија со истражна постапка на местото на несреќата. По завршување на целата истражна постапка од страна на надлежните органи, компанијата „Булмак 2016" ќе преземе дополнителни мерки за утврдување на околностите на несреќата во соработка со компаниите – добавувачи на експлозиви и детонатори кои се користат во рамки на редовната работа во рудникот, порачуваат од компанијата и изразуваат искрено и длабоко сочувство и жалење до семејството на починатиот колега, а на другите двајца им посакуваат што поскоро заздравување.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања