Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Бунт во затвор за милитанти од Исламска држава во Таџикистан, 32 загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
isis

Тројца чувари и 29 затвореници се убиени во затвор под висока безбедност во Таџикистан, откако осудени џихадисти од Исламска држава започнале бунт, објави тамошното Министерство за правда.

Во соопштението се наведува дека бунтот почнал доцна во неделата во затвор во Вакдатa, 10 километри од главниот град Душанбе. Бунтовниците биле вооружени со ножеви и усмртиле тројца чувари и петмина затвореници.

— реклама —

Еден од иницијаторите на бунтот бил Бекруз Гулмурод син Гулмурод Калимов, важен оперативец во таџикистанските специјални сили кој пребегнал на страна на Исламска држава во 2015 година, а според податоците на Министерството бил убиен во Сирија.

Безбедносните сили успејале да го вратат редот во затворот со 1.500 затвореници, соопшти министерството.

— реклама —

Исламската држава, која едно време територијално се простираше на голем дел од Сирија и Ирак, сега ги изгуби своите упоришта, ја презеде одговорноста за уште еден бунт во таџикистански затвор од минатата година во ноември, по смртоносниот напад на нивни следбеници врз туристи од Запад во јули 2018 година.

Исламската држава, која едно време територијално се прошири на голем дел од Сирија и Ирак, а сега ги загуби своите упоришта, ја презеде одговорноста за уште еден бунт во таџикистански затвор кој се случи во ноември минатата година.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања