Во бурата што ги зафати Шпанија и Португалија загинаа девет лица, оштетени се голем број згради, а повеќе патишта се затворени. Бурата Елса што го погоди Иберискиот Полуостров во средата, а се интензивира вчера попладне, донесе обилни дождови.
Силниот ветер со брзина од 140 километри на час корнеше дрвја и покриви, а предизвика и сериозни штети во инфраструктирата..
Најдраматично е во Португалија , каде седум лица се водат за исчезнати во големите поплави и надојдените води, а на крајбрежјата се создале бранови високи девет метри.
фото: Portugal Resident