Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Бурни и стоечки овации за чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
1L3A4215

Публиката на „Охридско лето“ вчеравечер се восхитуваше на пијанистичкиот артизам на младиот чешки уметник Лукаш Вондрачек кој одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“. Преку неговиот префинет клавирски израз, во акустичниот амбиент прозвучија дела на Брамс, Скрјабин, Дворжак и Шумен, како и композиции од Шопен и Рахмањинов изведени на бис по бурните и стоечки оваации од страна на љубителите на класичната музика.

Неприкосновениот победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2026 година, Лукаш Вондрачек, повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри.

— реклама —

-Многу сум среќен што сум тука, првпат во Македонија и одбрав музика која што многу ја сакам, композитори кои ми се блиски до срцето, особено Роберт Шуман. Имаше и чешка музика бидејќи сум роден во Република Чешка. Обично свирам во модерни концертни сали , но оваа црква е навистина специјално и инспиративно место за мене, рече пијанистот Вондрачек.

Концертот се одржа во рамките на традиционалната Чешка вечер на фестивалот „Охридско лето“ поддржана од Амбасадата на Република Чешка во нашата земја.

— реклама —

-Секоја година имаме музичари од Република Чешка, и оваа година исто така имаме наш многу познат музичар, Лукаш Вондрачек. И претходно на Чешката вечер на фестивалот настапиле многу други извонредни уметници. Се надевам и во претстојните години ќе ја продолжиме оваа традиција, истакна чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.

— реклама —

Програмата на класична музика на годинешното 65. „Охридско лето“ продолжува вечерва со исто така традиционалната Вечер на Европска унија на која целовечерен концерт ќе одржи францускиот квартет „Модиљани“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2gqs3nnicf8s0W1BlZN

Денис Расел Дејвис и Маки Намекава приредија незаборавен концерт во „Света Софија“

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryfo4basad0t541D4I5Cd

Шпанското трио „Вибрарт“ вечерва настапува на „Охридско лето“

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryrct6p1ehcfoo1MPY1J9

Вечер на македонската оперска уметност на „Охридско лето“ со Игор и Ана Дурловски

Охрид | пред 2 седмици

media-library0huk096dbp1c3T5OEeo

„Охридско лето“ добитник на престижна та меѓународна награда „Да за уметноста“

Магазин | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања