Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Bus2go“ ќе ви го олесни животот: Нема повеќе шалтери, гужви, драми, нервози!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
322120153_1212749339648985_328776559746966908_n

Патувањето со автобус не е никогаш полесно од сега, пред сѐ бидејќи со неколку кликови може да ги добиете сите информации кои ви се потребни. Термини на поаѓање и пристигање, колку чини картата, има ли слободни места, да направите резервација. Сето ова го нуди апликацијата „Bus2go“ (www.bus2go.mk). Софтверското решение направено од стартап компанијата „Мобилити Солушнс“ го носи јавниот транспорт во Македонија на дланка, за секој кој планира да патува во Македонија, но и надвор од неа.

— реклама —

„Градиме онлајн платформа за билети која ги поврзува давателите на услугите за јавен превоз (превозници и оператори на инфраструктура – станици) со патниците. Користејќи го нашиот MVP продукт и систем со ограничен број на партнери, моментално нудиме онлајн автобуски билети за меѓуградските автобуски линии во С. Македонија, како и прекугранични автобуски линии што поаѓаат од Северна Македонија на bus2go.mk. Нашата намера е во иднина да вклучиме дополнителни начини на транспорт“, велат од „Мобилити Солушнс“, креатори на ова софтверско решение.

— реклама —

Апликацијата ќе биде достапна за сите корисници на „Андроид“ и „Ејпл“ уреди. До страницата можете да пристапите и преку веб. Со користење на „Bus2go“, нема потреба од грижи дали распоредот на автобуси е точен, дали ќе има слободно место, ниту пак, ќе имате потреба да трчате по шалтери.

— реклама —

„Кога го креиравме ‘Bus2go’, се водевме од потребите на обичниот човек, од нас, од оние кои пречесто ги користат автобусите за транспорт. Сакавме да го замениме шалтерскиот систем, долгите ѕвонења по телефони за информации и нервозите кога никој не одговара од другата страна. Успеавме да го направиме тоа. Видовме дека најголем дел од страниците се дисфункционални, неажурирани, па го креиравме ‘Bus2go’. Сервисот е од голема помош и за туристите, пред кои треба и мора да се покажеме во најдобро светло. Лесно ќе можат да резервираат карта, да ги добијат сите информации. Со ова ставаме крај и на трчањето по автобуски станици и билетарници“, додаваат од компанијата „Мобилити Солушнс“, креатори на „Bus2go“ (www.bus2go.mk).

Корисничкиот панел на сервисот „Bus2go“ засега е на четири јазици, а тимот посочува дека ќе бидат имплементирани како информации за нови линии, така и повеќе јазици. Од компанијата додаваат дека сервисот ќе го развиваат и во други правци, како што се информации и резервации на друг вид превоз.

„Мобилити Солушнс“ е ИТ стартап компанија основана во 2021 година со мисија да помогне во трансформацијата на јавниот транспорт во Северна Македонија и регионот со дигитални производи и услуги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања