Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Чад над дипломатската мисија во Кувајт, Вашингтон предупредува на трајна закана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryokkusqvqc6d06m5CjEH
Илустрација

Американската амбасада во Кувајт била погодена од дронови, изјавиле три дипломатски извори за агенцијата Франс прес, откако над дипломатската мисија бил забележан густ чад.

— реклама —

Еден дипломат од Кувајт и еден западен дипломат, кои побарале анонимност, изјавиле дека зградата на амбасадата била оштетена во напад изведен со повеќе беспилотни летала. Втор дипломат од Кувајт посочил дека објектот бил директно погоден.

— реклама —

Допишник на Франс прес видел чад што се издига над мисијата, во трет ден од иранските одмазднички напади врз земјите од Заливот. Во меѓувреме, американската амбасада упатила апел граѓаните да не доаѓаат во објектот, предупредувајќи на „трајна закана од ракетни и напади со беспилотни летала над Кувајт“.

Одделно, американската амбасада во Аман соопшти дека привремено го евакуирала персоналот поради неспецифицирана закана.

— реклама —

„Од крајна претпазливост, целокупниот персонал привремено го напушти комплексот на амбасадата поради закана“, се наведува во безбедносното предупредување објавено на социјалните мрежи.

— реклама —

Инцидентите се случуваат во услови на ескалација на конфликтот во регионот и засилени напади и контранапади меѓу Иран и сојузниците на САД на Блискиот Исток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

Иран сè уште располага со до 2.500 балистички ракети и покрај американските и израелските напади

Свет | пред 4 дена

media-librarymqmoqndcrmt5djuxiZl

Експлозии и сирени во Бахреин, Иран тврди дека нападнал американска воена база

Свет | пред 4 дена

media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања