Промени тема
Контакт

Чадот и ветрот ја стопираа воздушната интервенција на полицискиот хеликоптерот во Визбегово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
helikopteri

Хеликоптерот „Аугуста Бел 212“ на Министерството за внатрешни работи, кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај отпадот во реонот на Визбегово, е повлечен од теренот поради влошени услови за летање – засилен ветер и густ чад.

„Хеликоптерот беше испратен како поддршка во справување со пожарот и изврши неколку фрлања на вода. Но поради засилениот ветер и намалената видливост од чадот, одлучено е да се повлече во базата“, соопштија од МВР.

— реклама —

Во акцијата за гаснење на пожарот и натаму учествува еден авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а на терен дејствуваат и противпожарните единици на Град Скопје, како и екипи со возила на „Комунална хигиена“.

— реклама —

Од засега достапните информации, во пожарот е повредено едно лице, кое било пренесено на лекарска помош. Дополнително, приведен е сопственикот на отпадот каде што избувна огнената стихија, потврдија надлежните институции.

— реклама —

Пожарот, кој избувна вчера, предизвика сериозна загриженост кај жителите поради серијата експлозии од плински боци во хаварисани возила и опасната близина до станбени куќи во реонот на Шуто Оризари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања