Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Чаир во пресрет на Бајрам: акција за чистење на јавните површини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-library8r5n0i0ot87l5rFr57B

Општина Чаир започна интензивна акција за чистење на јавните површини во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, со цел граѓаните да го дочекаат празникот во чиста и уредена средина.

Градоначалникот Изет Меџити вечерва присуствуваше на стартот на акцијата, која опфаќа темелно чистење на улиците, парковите, тротоарите и просторот околу контејнерите.

— реклама —

Од општината информираат дека и вообичаено се работи на одржување на хигиената, но во овој период активностите се дополнително засилени.

— реклама —

„Рамазан Бајрам е празник кој нè обединува и нè потсетува на најдобрите вредности како општество. Наша одговорност е граѓаните да го дочекаат овој ден во чиста, уредена и достоинствена средина,“ изјави Меџити.

Акцијата се реализира во координација со јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, како и со ДПД „Бајрам Мифтари“, со ангажман на сезонски работници и соодветна механизација за чистење и миење на улиците.

— реклама —

Од општината посочуваат дека оваа мобилизација е дел од подготовките за празникот, со цел создавање подобри услови за сите жители.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3iv1jbe8438q2BqlKAG

(Видео) На пазарот во Чаир откриена нелегална продажба на акцизни производи, запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryhc48gdh0e4qvc35eacG

(Видео) Сообраќајка во Чаир: се судрија автомобили, делови од нив се по улицата

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryoqe0glts9k850Gs0EQd

По синоќешниот протест во Чаир, сообраќајот е нормализиран, а проблемот со водоводната мрежа е саниран

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo2di6bl0e9adeM6snzP

(Видео) Граѓаните вчера излегоа на протест во Чаир поради проблеми со водоводот и канализацијата

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања