„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Чаракчиев: Инвестираме во гасификација и обновливи извори на енергија, за почист воздух и здрава животна средина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во последните години, интензивно инвестира во гасификација на земјата, се планираат и се градат фотоволтаични ,фотонапонски централи како на приватно така и на државно земјиште со крајна цел, во наредните 5 години да се влезе во инвестициски циклус кој ќе обезбеди земјата да биде позелена односно грижа и намалување на загадувањето, намалување на емисија на стакленички гасови но и порационална и поголема ефикасност во енергетскиот сектор, истакна Коле Чаракчиев, член на Комисија за енергетика на СДСМ и пратеник.

— реклама —

Чаракчиев додаде:

— реклама —

Нашите планови се до 2026 година да биде заменет првиот блок од најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола кој работи на јаглен, со фото напонска електрана.

— реклама —

До 2024 РЕК Битола да се исклучи првиот блок кој работи на јаглен за да се замени со когенеративна гасна електрана со моќност од 250 MW за производство на електрична енергија и за топлификација на Битола.

Исто така, предвидено едо 2023 другите 2 блока да се модернизираат со темелна реконструкција на електростатските филтри, а до 2026 година со целосна десулфуризација и декарбонизација со што ќе се продолжи векот на траење, но и ќе се подобри еколошката прифатливост и ќе се задоволат европските и светски стандарди.

Долгорочна цел е да ја направиме државата заедно со европските земји кои од доминантно застапените фосилни енергенси се пренасочуваат кон прозводни енергетски капацитети кои ќе го користат: сонцето, ветерот, водата, биогоривото и секако природниот гас за производство на енергија електрична, топлинска и сл.

Во фаза на изградба се 3 фотонапонски електрани а ке следат повици за изградба на фотоцентрали на на приватно и државно земјиште.

Се шири и производството на електрична енергија од ветер. Така се зголемува енергетскиот капацитет на ветерниот парк Богданци и нов проект на ветерен парк во Миравци.

Истовремено, вредно е да се напомене и дека во Скопје, Општина Гази Баба ке се реализира важен проект за поврзување на 1.000 домаќинства од Хиподром 1 и Хиподром 2, на градската топловодна мрежа со што ќе се намали потрошувачката на струја на овие домаќинства и ќе се намали загадувањето на воздухот во овој дел од Скопје.

Ке следат и други инвестиции во енергетиката, зголемено производство на енергија од обновливи извори на енергија кој се еден од приоритетите на СДСМ и Владата што ја предводи.

Продолжуваме да вложуваме во се е важно за граѓаните, за стопанството и за државата!

фото и видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања