Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Цариници кои земаа поткуп од 70 евра завршија во притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
potkup

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле едно кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 28.07.2019 година околу 02,50 часот на Граничниот премин „Табановце-Патен“ во својство на службени лица-царински службеници вработени во Царинската Управа на Република Северна Македонија, побарале и примиле подарок за да не извршат службено дејствие што би морале да го извршат.

— реклама —

Осомничените при вршење царинската контрола на возачот на патничко моторно возило „Фиат Дукато“ со германски регистарски ознаки, побарале и примиле парични средства во висина од 70 евра. Паричните средства биле примени за да не извршат службени овластувања и надлежности кои произлегуваат од нивните работни места, односно доколку се исполнети законските услови на возачот и сопатниците да им пресметаат и наплатат задолжителни царински давачки при внесување стока. Откако бил примен подарокот, осомничените на лицето му дозволиле непречен влез во државата без да биде извршена редовната царинска контрола и без да биде извршена проверка на стоката која ја носел.

— реклама —

При извршен претрес од страна на полициски службеници во службените простории се пронајдени и други парични средства кои се предмет на натамошно  преземање дејствија во рамки на истрагата на обвинителството.

— реклама —

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, надлежниот јавен обвинител  донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и поднесе Предлози за определување на мерка притвор за секој од осомничените. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања