Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Царинска управа: Полски државјанин во црни ќеси сокрил девизи, спречен обид за нелегален изнeс на поголема сума албански леки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Спречен обид за нелегално изнeсување на непријавени девизи во висина од 1.890.000 албански леки, што е околу 18 илјади евра, откако полски државјанин на излез од државава, на граничниот премин Деве Баир, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Поради постоење сомнеж автомобилот со полски регистерски таблици и патникот кој патувал со сопатник се упатени на детален преглед при што под задните седишта во близина на отворот на резервоарот во црни најлон ќеси како и во личните работи во ранците се пронајдени 3.952.000 албански леки што е околу 38 илјади евра. Согласно Законот за девизно работење, нерезиденти можат да изнесат од државава до десет илјади евра, при што на двајцата патници им се вратени албански леки во вкупен износ од 2.062.000 леки или 20.000 евра, а останатите кои не биле пријавени и за кои не поседувале документ се привремено задржани“, велат од царинска управа.

— реклама —

— реклама —

Против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок, а девизите согласно регулативата ќе бидат предадени на Народната банка.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања