Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Царинската управа го прифати Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Image-1

На 16 ноември 2018 година, Царинската управа го прифати Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе ја замени досегашната АСИКУДА, истиот беше подготвуван во изминатите 5 години и претставува почеток на Дигиталната ера на Царинската управа.

„Новиот Систем има за цел да ги замени царинските постапки што се базираат на хартија со електронски постапки. На тој начин ќе се создаде поефикасна и модерна царинска околина во согласност со глобалниот развој. Со него треба да се поврзат сите постоечки дигитални системи во една интегрална целина и воведување на електронска царинска декларација за сите царински постапки во увозот и извозот, како и електронско поднесување и обработка на акцизни документи. Исто така, со овој систем ќе обезбедиме намалени трошоци за трговските трансакции, олеснето спроведување на договорите за слободна трговија, подобро управување и контрола.

— реклама —

Новиот Систем претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, правејќи го животот полесен за учесниците во царинската и надворешно-трговската постапка, за другите гранични агенции што се присутни на граница, како и за царинските службеници.

— реклама —

Примената на Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи ќе започне во првиот квартал од 2019 година преку Пилот царински испостави, а негово целосно ставање во функција се очекува во средината на 2019 година.

— реклама —

Ова меѓу другото ќе резултира и во поуспешна наплата на приходи, порационално искористување на ресурсите и поефикасна меѓународна трговска размена во која трговците електронски ќе разменуваат информации со Царината и останатите агенции учесници во царинската постапка“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања