„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Царинската управа на Македонија ќе биде пример во соработката меѓу државите на Балканот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
carina-2

Во насока на интензивирање на соработката со нашите соседи, на 28ми и 29ти јануари 2019 година, Царинската управа на Република Македонија учествуваше на третиот неформален регионален Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, што се одржа во Подгорица, Црна Гора.

— реклама —

На состанокот, кој е продолжение на вториот неформален регионален состанок, што се одржа во Република Албанија во јуни 2018 година, присуствуваа претставници на Царинските управи на Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и меѓународни институции и организации.

— реклама —

„За време на состанокот презентирани и прифатени беа Заклучоците донесени на неформален регионален состанок, организиран на ниво на директори на секторите за царински контроли и истраги на Царинските управи од Западен Балкан. На овој состанок што се одржа во октомври 2018 година во Велес, Република Македонија главна тема на дискусија беа законските аспекти за дефинирање на рамка за безбедна размена на информации според усогласени стандарди и методи. Покрај прифаќањето на Заклучоците од состанокот во Велес, во Подгорица се дискутираше и за подготовка на заеднички пристап на Царинските служби од регионот со цел олеснување на трговијата, унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан“ , истакна директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања