Царовска: Бојкот на онлајн-наставата не носи добро за децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mila-carovska

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска. Родители на деца речиси од сите делови на државата, револтирани од тоа што нивните училишта биле одбиени за настава со физичко присуство, на социјалните мрежи се организираат за бојкот на онлајн-наставата убедени дека така ќе издејствуваат дозвола за настава во училница.

— реклама —

„Јас ги повикувам сите родители, сите градоначалници, сите директори на училишта, да седнат и заеднички да ги надминуваат прашањата. Тоа што ќе се бојкотира наставата не носи добро за идните генерации на таа општина. Не носи добро за децата. Децата сакаат да бидат стимулирани, дали со физичко присуство, дали кратко ќе се приклучат на онлајн-платформата, дали ќе добијат материјал, сепак во континуитет се стимулираат на знаење и позитивни информации што не сите деца ги имаат. Дајте да им овозможиме на децата да бидат стимулирани“, рече министерката Царовска.

Таа нагласи дека училиштата што не добиле позитивен одговор за настава со физичко присуство не е затоа што некој не сакал, туку затоа што здравствената и епидемиолошка состојба е ризична или поради тоа што се премногу деца во мал простор.

— реклама —

„Ние што би направиле? Да почнат една недела и да бидат заразени и после тоа, да нема место во болниците? Тоа не е решение за мене. Да одиме безбедно, чекор по чекор“, вели министерката Царовска и повикува граѓаните да ги почитуваат одлуките на здравствените власти.

На социјалните мрежи, пак, родителите се организираат за протест против онлајн-наставата, а има и предлози на 1 октомври сите родители децата да ги однесат во училиштата, без разлика на одлуките за настава од далечина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања