Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Царовска, Филипче и Адеми во посета на Обединетото Кралство, се разгледуваат идеи за реформите за ран детски развој, образованието и вложувањето во младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_3266

Владата на Република Северна Македонија посветено работи на спроведување на реформи коишто ќе овозможат еднакви можности за секое дете. За таа цел министрите за труд и социјална политика, за здравство и за образование и наука, Мила Царовска, Венко Филипче и Арбер Адеми и преставникот на УНИЦЕФ во Северна Македонија Бенџамин Перкс се на студиска посета на Обединетото Кралство. Дел од владината делегација се и преставници од универзитетите и академската заедница, а посетата е организирана од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Северна Македонија.

Министерката Царовска, министерот Адеми и преставникот на УНИЦЕФ Перкс во Бирмингам се сретнаа со Дејвид Иствуд, проректорот на Универзитетот во Бирмингам и директорот на Центарот за карактерно образование при универзитетот Џејмс Артур. На средбата се разговараше за реформите во раниот детски развој и образованието и соработката во тој дел, вложувањето во малдите од најрана возраст и содавање човечки капитал кој ќе придонесува за развојот на државата.

— реклама —

„Министерството за труд и социјална политика започна опсежна реформа за подобрување на пристапот до квалитетно предучилишно образование во земјата. Заедно со УНИЦЕФ спроведуваме програма со која децата и воспитувачките веќе ги прават првите чекори во социо-емоционалниот развој.

— реклама —

Искуствата на Обединетото Кралство во обезбедување интегрирани сервиси за поддршка на секое дете и секое семејство ќе ни помогне во обезбедување еднаков старт во животот за секое дете. Како Влада, веќе ја спроведуваме социјалната реформа. Со оваа реформа даваме повеќе пари на семејствата и додатоци за децата, но истите ќе треба да ги пуштаат своите деца редовно во училиште бидејќи образованието е многу важно во создавањето на квалитетен човечки капитал којшто за секоја држава значи силен економски раст“, рече Царовска.

— реклама —

Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека искуствата од образовните системии покажуваат дека реформите кои ги спроведуваме со имплементирање на препораките од Извештајот на ОЕЦД во основното образование се одлична работа која ја правиме периодот. Сепак образованието повеќе нема третман на потрошувач, туку третман на основен столб за развојот на општеството.

„Оваа студиска посета дојде во значен момент за Министерството за образование и наука и за мене како министер, бидејќи изминатиот период активно работиме на реформите во основното образование низ еден инклузивен процес со вклученост на сите засегнати страни и чинители со добра волја, одговорност и желба за придонес заедно со УНИЦЕФ. Кариерниот и професионален развој на наставниците, реформата на приправничкиот испит, надворешната евалуација, инклузија и внесување на сите деца во образование, развој на националните стандарди, коишто понатаму се основа за менување и развој на нови наставни програми и создавање на кохерентен образовен систем се неколкуте работи кои треба да придонесат за подобро образование за секое дете“, рече Адеми.

Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со преставници од Националните здравствени услуги и разговараше за реформите во здравството.

„Студиската посета е одлична можност за унапредување на меѓусекторската соработка и размена на искуства од веќе воспоставени програми во Обединетото Кралство за унапредување на здравјето и развојот на децата.  Искуствата од Обединетото Кралство покажуваат дека со препознавање на несаканите искуства во детската возраст и нивна превенција се создаваат здрави индивидуи кои што можат да го спречат интер-генерацискиот пренос на насилство и сите последици кое тоа ги предизвикува по здравјето и благосостојбата на децата“, рече Филипче.

Посетатата беше искористена и за повеќе средби со централните и локалните власти во Глазгов и Единбург, Комесарот за детски права - искуства во делот на обезбедување заеднички здрвствено социјални услуги за поддршка на семејствата во ризик, превенција и рана идентификација на насилството врз децата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања