Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Царовска: Неоправдан е стравот дека со реформата ќе излеземе во пресрет на барањата на Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mila

Министерката за образование, Мила Царовска во вечерашното гостување  на  Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“  рече дека реформата во образованието не се прави за да се задоволат барањата на Бугарија, туку за да се реализира зацртаното во Законот за образование.

— реклама —

– Неоправдан е стравот дека со реформата ќе излеземе во пресрет на барањата на Бугарија, затоа што оваа реформа не е поврзана со ниту едно надворешно политичко прашање. Проблем настана кога започнаа во јавноста да се пласираат лажни вести поврзани со предметот историја – рече Царовска.

Министерката додаде дека предметот општествени науки, од прво до трето одделение преоѓа во наслов „Човек и општество“, а од четврто до деветто „Историја и општество“.

— реклама —

„Ова зборува дека ние сме ги слушнале граѓаните и не сакаме нивниот страв да продолжи. Никако оваа реформа, освен преку лажната вест, не смее да се поврзува со надворешно политичко прашање. Заради тоа што интеграцијата на предмети е позната во светот. Една Британија има поврзани географија и историја, заедно ги учат. На денешната расправа во Собранието слушнавме од опозицијата дека такви дискусии се водат и денеска таму, и тоа се зрели демократии. И ние се стремиме кон тоа. И важно е да се водат дебатите“, рече Царовска.

фото: канал 5

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања