ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Царовска: Онлајн наставата ќе почне на 1 ви октомври, а настава со физичко присуство зависи од епидемиолошката состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Skolo

Наставата со физичко присуство можно е да не почне на 1 октомври, но онлајн наставата сигурно ќе почне на тој ден, кажа денеска во Собранието министерката за образование Мила Царовска, на расправата за измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование.

— реклама —

„Она што денеска го знаеме е дека планот на Владата е наставата да започне на 1 октомври. Но, започнувањето на учебната година зависи од епидемиолошката состојба. Да карикираме, ако на 25 септември имаме голем број заразени, да, ќе стартуваме со онлјан, но со физичко присуство од прво до трето одделение најверојатно ќе го преобмислиме. Ако имаме стабилна епидемиолошка состојба, одиме со планот којшто е подготвен“, рече министерката.

Со законските решенија кои денеска влегоа во собраниска седница, според Царовска, се уредува можноста влада со уредба да го утврдува почетокот и крајот на учебната година, траењето на училишниот час, начинот на организирање на наставата со далечинско учење или со физичко присуство, како и начинот на уредување на распустите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања