„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Царовска: Со социјалната реформа овозможуваме еднакви можности за самохраните родители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
KING9375-800x533

„Еднакви права и можности за самохрани мајки“  беше тема на денешната дебата, организирана од  граѓанската организација „Една може“ на која присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. На дебатата беа презентирани податоци од анализата за состојбата на еднородтелските семејства, на самохраните мајки во Македонија, но и што државата, граѓанските организации и институции прават за подобрување на нивната состoјба.

— реклама —

„Материјалната состојба не секогаш треба да се поврзува со еднородителските семејства. Ние имаме мајки што се материјално обезбедени, татковци што исто така се материјално обезбедени. Но, и покрај тоа, со социјалната реформа на самохраните семејства им нудиме коефициент 0,5, што е ист како за семејствата каде што има две возрасни лица, што е еднаква стартна позиција“, истакна министерката Царовска.

Министерката Царовска ги повика граѓанските организации во соработка со локалните самоуправи да развиваат сервиси кои ќе им помагаат на самохраните родители нивното дете да стигне и да се врати од училиште додека  родителот е  на работа.

— реклама —

Анализата која што беше презентирана денеска треба да даде придонес во создавањето на документ, кој би бил темел за создавање на еднакви стартни позиции на еднородителските семејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања