Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Царовска: Во Полошкиот регион годинава вкупно 330 невработени лица отвораат бизнис со мерката самовработување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
12112019_VRSM_Carovska_poseta_pekara-4

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска и Сања Бојаниќ денеска во Тетово посетија пекарница и уште два бизниси основани со мерките за самовработување преку Оперативниот план на Владата.

— реклама —

„Навистина ми е драго што денеска во Тетово посетуваме бизнис кој успешно опстојува од минатата година со помош на мерката за самовработување. На сопственикот на пекарата Мумин Нухии, му посакувам успешна работа и верувам дека вашиот бизнис ќе стане одржлив и ќе расте со што ќе имате потреба од нови вработувања и проширување на својата дејност. Тетово е една од водечките општини во искористувањето на мерката за самовработување. Годинава само во Тетово имаме 221 селектирано невработено лице за основање на сопствени бизнис со самовработување, а во целиот полошки регион вкупно 330 лица коишто се селектирани да ја користат оваа мерка“, рече Царовска.

— реклама —

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска истакна дека самостојните корисници добиваат грант предвиден со Оперативниот план за 2019 година до 5.000 евра, или ако се двајца содружници до 10.000 евра.

— реклама —

„Оваа година навистина бележиме огромен интерес за програмата Самовработување, и затоа Владата водејќи се пред се од интересот на невработените лица да се активираат на пазарот на трудот, одвои рекордни скоро 8 милиони евра  како поддршка на поголем број идни претприемачи од првично предвидените средства“, изјави Јовановска.

— реклама —

Сања Бојаниќ, заменик постојаната претставничка на УНДП во државата истакна дека УНДП е активно вклучена во помагањето на бизнисите креирани со мерката за самовработување.

„Националните институции, со поддршка на УНДП, се тука да им помогнат да ги зајакнат своите бизнис идеи и да ги преточат во одржлив бизнис, но и да ги подготват со соодветно знаење и вештини важни за секој претприемач. Ние во УНДП, посебно и ги цениме претприемачите кои се самовработиле и основале свој бизнис, а подоцна и растеле заедно со својата компанија. Цврсто веруваме дека тие се главниот мотор кој носи иновации и позитивни промени во обезбедување на одржлив развој на земјата“, истакна Бојаниќ.

На ниво на цела држава за годинава предвидено е потпишување на вкупно 1.484 договори за самовработување. Од нив вкупно 557 лица, односно 38% се млади лица, до 29 години, а 518, односно 35% се жени. Во последните неколку години околу 15 % од вкупно регистрираните приватни бизниси во државата потпаѓаат под програмата самовработување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања