Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Царовска: Вредноста на нашето владеење е социјален дијалог, слобода и демократија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
MACE2410-1

— реклама —

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска попладнево како дел од конференцијата „Еден Балкан кон ЕУ“, учествуваше на панел дискусијата посветена на искуствата и предизвиците од ЕУ интеграцијата.

— реклама —

„Сметам дека како социјал демократи  покажавме дека вредноста со којашто владееме е социјалниот дијалог, слободата и демократијата”, рече Царовска.

Осврнувајќи се на промените коишто беа направени изминатиот период и се во интерес на граѓаните и напредокот на земјата, Царовска истакна дека сите одлуки се носени во широка консултација со сите засегнати страни, а тоа е постигнато со почитување на Глобал Диал што го потпишавме како прва земја од регионот. Царовска истакна дека до потпишувањето се обврзавме сите значајни одлуки да ги носиме преку дијалог.

“Како поранешна министерка за труд и социјална политика би кажала неколку искуства од значајни промени што ги направивме, а беа во интерес на граѓаните и беа донесени со постигнување на договор“.

Една од нив којашто ја направивме на само три месеци од доаѓањето на власт е зголемувањето на минималната плата за 50 евра. Минималната изнесуваше 150 евра а работниците ни се продаваа како евтина работна сила. Со договор успеавме да ја подигнеме на 200 евра и при тоа да нема отпуштања ид работа. Но не запираме овде, неодамна имаше уште едно зголемување на минималната плата од 12.000 на 14.500 денари, што значи за период од две и пол години минималната плата порасна за околу 100 евра и тоа во договор со работодавачите и со синдикатите.

„Сега и од позиција на вицепремиерка најавувам дека платите ќе продолжат да растат за што како влада обезбедивме субвенции”, рече Царовска.

Царовска истакна дека со економско социјален дијалог се креира и Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување.

„Со вистинско усогласување на потребите на пазарот на трудот како влада работиме на намалување на невработеноста”, рече Царовска.

Царовска истакна дека во следен мандат останува предизвикот да се донесе целосно нов Закон за работни односи.

„Следниот мандат ќе треба да го донесеме новиот ЗРО. Првиот драфт на текстот го усогласивме сите заедно со дијалог во којшто беа вклучени синдикатите, работодавачите, стопанските комори, граѓанските организации и науката.“

“Навистина ми е драго што успеавме да го донесеме Законот за недискриминација. Не беше лесно да се дискутира за ова прашање. Но со вклучување на повеќе страни успеавме да подготвиме добар европски закон“, рече Царовска.

видео и фото: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања