Во сите наши постапки и одлуки се водевме од општиот, државниот интерес и правата и интересите на учениците, но и наставниот кадар. Најмногу во овие вонредни услови се трудевме да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование. Важно беше веднаш да креираме најдобар можен систем за одржување настава, но во исто време да обезбедиме заштита на личното, но и јавното здравје и да ги поставиме основите на суштинските промени кои следат, истакна на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада министерката за образование и наука Мила Царовска.
– Предизвици секогаш постојат, но цврсто сме решени да креираме нов вид на образовни политики кои ќе го дизајнираат и променат нашето образование на среден и долг рок, рече Царовска.
Министерката Царовска за тоа дека предметот историја се става во природно-општествени науки, идентично како и географија истакна:
„Оваа концепција е развојна и се темели на анализа на концепции кои даваат одлични резултат. Ова им помага на учениците да учат за одредени теми, и се дава можност учениците да го постигнат својот потенцијал. Апелирам до учениците и наставниците да ги следат реформите, ќе биде овој концепт детално објаснет на јавноста. Стигнавме до концепција, модел кој наликува на Финска, па оттаму доаѓаме до училиште кое ни овозможува да учиме“, вели министерката.
Министерката посочи дека забрзано работате во изминатите 100 дена на реформите во образованието.
– Целосно се посветивме на процесите за темелни интегрирани коцнептуални промени на образовниот процес во основните и средни училишта. Градиме инклузивно образование достапно за сите. Се обезбедија за првпат од буџетот на државата 54 милиони денари за да се поддржат образовните асистенти во училиштата. Концепцијата за осовно образование е во завршна фаза на изработка и многу скоро ќе биде презентирана пред нашата јавност, рече Царовска.
Во однос на државната матура, и за тоа дека се уште постојат негодувања кај неформалните средношколски групи и има ученици кои се приклучуваат на бојкотот и не ја следат онлајн наставата, министерката истакна дека полагањето на државната матура е законско обврзано и тоа кажува дека таа е задолжителна.