„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ЦДУ/ЦСУ до ВМР ДПМНЕ: Не блокирајте зашто ризикува долготрајна изолација на земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
germanija

 Со над 91 процент од гласовите „За“, гласачите во Македонија дадоа огромна поддршка за европскиот пат и за поголема перспектива на нивната земја во  ЕУ и НАТО, порача заменик-претседателот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во германскиот Бундестаг, Јохан Давид Ваделул.

— реклама —

Владејачката германска ЦДУ/ЦСУ смета дека опозицијата не смее да ја блокира перспективата на Македонија за НАТО и ЕУ. Предупредуваат дека неуспехот на договорот за името ќе ја изолира земјата долго време.

– На референдум во Македонија повеќе од 91 отсто од гласачите гласаа за промена на името на државата во „Северна Македонија”, а во исто време и за понатамошна перспектива на нивната земја во НАТО и во ЕУ.  Сепак, потребниот цензус од 50 проценти не беше постигнат. Оттука, решавачко ќе биде гласањето во Парламентот, вели Ваделул.

— реклама —

Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ жали што само околу 37 отсто од гласачите учествувале на референдумот за промена на името, и дека не е постигнат потребниот цензус.

– Сепак, референдумот не е обврзувачки. Клучно е дека неопходното мнозинство од две третини за уставниот амандман и промената на името се постигнува со потребното гласање во Парламентот, истакнува Ваделул.

Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ ја повикува македонската опозиција да се согласи со, како што нагласуваат, историски важното гласање во Парламентот за уставните амандмани бидејќи во спротивно, би било политички одговорно да се блокира овој пат за Македонија на долг рок и со тоа да се изолира земјата од Европа. Тоа исто така, велат од ЦДУ,  ќе се одрази на можноста за започнување на преговорите за пристапување во ЕУ.

Парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ на германската канцеларка Ангела Меркел ја повикува македонската опозиција да гласа во полза на уставните измени, со што се отвора патот на земјата кон НАТО и ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања