Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Чеченец осомничен за препродажба на дрога во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Слајдер

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Република Чеченија, Руска Федерација, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 35-годишник, од засега непознато лице, купил одредено количество наркотична дрога – марихуана, која ја држел во својата соба во еден мотел во Гостивар со намера да ја препродава. При претрес кај осомничениот на 10 февруари биле пронајдени околу 15 грама марихуана во најлонско пакување.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување мерка-притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, како и можност да го повтори делото и да влијае врз сведоците.

фото: Архива

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања