Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Цела програма за празниците во Охрид: Меморија, Пупиноски и десетици настани за Нова 2026

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Охрид
media-library2a575gj1005bf6ZRm9z

Општина Охрид подготви богата и разновидна забавна програма по повод претстојните новогодишни и божиќни празници, со бројни музички, културни и детски настани кои ќе се одржуваат од 27 декември до крајот на јануари. Како што информира градоначалникот Кирил Пецаков, целта е Охрид и оваа година да понуди неповторлива празнична атмосфера за граѓаните и туристите од земјата и странство.

Централниот настан е дочекот на Новата 2026 година на 31 декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, каде од 20 часот ќе настапат македонската поп-ѕвезда Влатко Лозановски, охридската фолк икона Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески, како и диџеите Yuxell и Bagzi. Забавата продолжува и на 1 јануари, кога на плоштадот ќе настапат легендарната група „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“, исто така со почеток во 20 часот.

Новогодишната програма и оваа година го вклучува проектот „Охридска новогодишна приказна“, кој започнува на 27 декември и нуди богата содржина за најмладите, но и за сите генерации. Во рамки на програмата се предвидени детски театарски претстави, музички фестивали, улични перформанси, концерти и хуманитарни настани, кои ќе се одржуваат и напладне и во вечерните часови.

— реклама —

На 27 декември програмата започнува со хуманитарниот новогодишен базар „Вино и винил“ на Сараиште, детски театарски претстави на плоштадот и културно-забавниот настан „Зимска бајка“ во НУЦК „Григор Прличев“. На 28 декември следуваат детскиот музички фестивал „Поточиња“ и меѓународниот зимски фестивал на улична уметност „Баскер фест“. На 29 и 30 декември публиката ќе може да ужива во нови детски претстави, комичното шоу „Солзи и смеа“, како и настапи на Христијан Настески – Пајак, младинска рок група и „The Back Door Band“.

— реклама —

На самиот 31 декември, покрај вечерниот дочек, во текот на денот ќе се одржат детска новогодишна претстава, концерт „Златни 80-ти“ во изведба на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и диџеј настап.

Богата музичка програма е подготвена и за празникот Богојавление – Водици. На 19 јануари на плоштадот ќе настапат фолк дивата Елена Велевска и младата пејачка Елена Андоновска, а на 20 јануари, по повод Денот на рибарите, во месноста Сараиште ќе настапат изведувачи од охридскиот еснаф.

— реклама —

Од Општина Охрид упатуваат покана до сите граѓани и посетители да бидат дел од празничната магија и да ја почувствуваат новогодишната атмосфера во Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp5bkvlfgsfid72gPJ8J

(Фото) Избегната поголема штета од пожарот во Охрид

Охрид | пред 4 часа

ohrid-turisticka

Нови правила за паркирање во стариот дел на Охрид од понеделник

Охрид | пред 4 дена

media-library4bma1th0kaj87gLhj8E

Слаткар, Рита Ора, Махмут Орхан, Беквалац... ова се концертите закажани за летово, над 20 музички имиња во Охрид

Магазин | пред 4 дена

media-library3kscp1feu9f8cb3GvS7

ЈП „Охридски Комуналец“ со засилени активности за јавната чистота и зеленилото

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања