Цели семејства во кумановско одбиваат да се тестираат иако контактирале со заболен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kumanovo-1

Две нови жаришта на коронавирус се откриени во Општина Куманово, соопштуваат од Центарот за јавно здравје во Куманово, објави СДК.мк. Од 17 новозаболени кои се регистрирани во изминатото деноноќие, најголем дел се од кластер во селото Лопате,  а останатите се од градското подрачје на Куманово.

— реклама —

Во Липково се регистрирани само два нови случаи и тоа во селата Матејче и Ваксинце.

„Денеска се направени 62 тестирања, по пола во двете општини. Во Куманово тестирањето се одвива без проблеми, додека во Липковско имавме 3-4 семејства, кои имале контакт со заболени, а веќе по вторпат одбиваат да се тестираат“, вели Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје во Куманово.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања