Одложениот старт на новата учебна година, поради пандемијата со ковид-19, се очекува да започне за нешто повеќе од две недели, а освен за најмалите, за повеќето ученици наставата ќе се одвива онлајн. Иако сѐ уште не е познато како точно ќе се одвива онлајн наставата, особено за некои предмети, како што е физичкото воспитување, Плусинфо побара одговор од деканката на Факултетот за физичка култура, проф. д-р Ленче Алексовска Величковска.
– Ние како факултет, веќе подолго време имаме одлична соработка со Министерството и со Бирото за развој на образование, и може да се каже дека нашите професори се подготвени на новиот предизвик. До Бирото беа доставени наставни единици, како би течеле часовите по физичко, дали онлајн, дали со присуство, па сега треба одделот за физичко образование да ја одобри наставната програма и таа да биде доставена од директорите на училиштата – рече Алексовска Величковска.
Таа додава дека овој начин на работа покажал добри резултати затоа што за време на карантинот, онлајн настава имале студентите од УКИМ, па покрај нив, вежбало и целото семејство и сите биле задоволни.
Текстот во целост на: Плусинфо