Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Цело семејство продавало марихуана – дрогата ја чувале во автосервис во Ѓорче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Поднесено е обвинение против четири лица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Станува бор за тројца мажи и една жена, роднински поврзани, кои во автосервис во скопската населба Ѓорче Петров, неовластено заради продажба држеле 133,72 килограми марихуана.

— реклама —

Од нив, како што информираат од Обвинителството, на 2 мај спакувале 99,6 килограми и ги подготвиле за неовластена продажба.

— реклама —

Дрогата во кеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во автосервисот.

Истиот ден заеднички организирале пренос на марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – прво возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второ возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. На издадена полициска наредба да запрат на улицата „Скупи“, првиот автомобил воопшто не застанал и обвинетиот се дал во бегство. Другите две возила биле веднаш сопрени и при извршен преглед биле пронајдени картонските кутии со дрогата. По извршен претрес во автосервисот била пронајдена и останатата марихуана, но исто така биле пронајдени и четири куршуми муниција кои еден од обвинетите ги држел без дозвола.

— реклама —

По приведувањето, на сите четворица обвинети, по предлог на јавниот обвинител, ним им беше определена мерка притвор.

Со поднесувањето на обвинителниот акт, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворските мерки, бидејќи се уште постојат законските основи – опасност од бегство и можност да го повторат делото.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања