Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Целосно затворена крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“, возилата се пренасочуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 36 минути -

Скопје
media-library6h10q6mv655acTmpZQH

Крстосницата меѓу улиците „Скупи“ и „Љубљанска“ во Скопје е целосно затворена за сообраќај поради активности за поставување нови светлосни сигнали. Возилата се пренасочуваат по околната улична мрежа, а изменетиот режим ќе важи до завршувањето на работите.

— реклама —

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ утрово во 8 часот започнале со демонтажа на семафорските портални и обични столбови, како и на постојната семафорска опрема.

— реклама —
— реклама —

Од претпријатието информираат дека на приодите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а нивни екипи ќе го регулираат движењето на терен.

— реклама —

Возачите се повикуваат да бидат трпеливи, да ги почитуваат поставените знаци и упатствата на службените лица и да се приспособат на привремениот режим на сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања