Промени тема
Контакт

Целта на оваа неспособна власт е да го минира штрајкот на СОНК преку нивниот омилен синдикалец, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sonk

Уцените, притисоците и заканите не и успеаја на власта за да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори. Димовски е добро познат како верен послушник и умилкувач, најпрвин кон Зоран Заев, а сега и кон Димитар Ковачевски.

Целта на оваа неспособна власт е целосно да го минира штрајкот на просветните работници, бидејќи не се способни да им излезат во пресрет на барањата на професорите.

— реклама —

Бидејќи не сакаат да ги исполнат нивните барања, си најдоа верен придружник кој ќе прифати се што неговите нагодавачи ќе му понудат, а потоа тој ќе се преставува како месија за решавање на проблемот. Но проблемот нема да биде решен бидејќи нема да бидат прифатени барањата на наставниците и професорите, а со тоа и ќе се продлабочи проблемот.

— реклама —

Власта треба да престане да краде и да одвои средства за зголемување на платите на просветните работници, зголемувања пропишани во колективните договори.

Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Во средните училишта од сегашните 25.838 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.594 денари.

— реклама —

Ја повикуваме власта да им излезе во пресрет на барањата на просветните работници кои се во генерален штрајк повеќе од две недели и учениците да се вратат во школските клупи, а професорите и наставниците на нивните работни места“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања