Цената на опстојување на оваа власт се плаќа со човечки животи затоа мора веднаш да заминат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
DSC_0094

Почина пациент со цистична фиброза кому надлежните две години му ветуваа лек. Други седум пациенти се во слична состојба како овој пациент, а уште 130 чекаат лек, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ова говори само за едно, државата не се грижи за граѓаните, државата не успева ниту лек да им обезбеди на граѓаните.

— реклама —

За министерот за здравство Беким Сали лекот бил прескап или требале околу 20 милиони евра, а тие немале пари.

— реклама —

Луѓето умираат - лек нема, лекари нема, ама затоа има 20 милиони евра или многу повеќе за отштета што не се гради нов клинички во Скопје. Тоа се пари кои државата треба да ги плати поради благо речено невнимание на надлежните или затоа што го раскинале договорот за градење на нов клинички во Скопје.

Предупредувавме подолг период, но власта е вообичаено глува зошто би се грижеле тие за граѓаните?! Зошто премиерот Димитар Ковачевски би се грижел за тоа дали во буџетот има пари за лекови кога е преокупиран со фирми за производство на струја!

Неспособноста на оваа власт се плаќа со човечки животи!

Цената на опстојување на оваа власт е преголема, штетата што ја прави непроценлива затоа мора да си заминат веднаш“ се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања