Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Цената на парното останува иста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании на територијата на град Скопје во просек незначително се намалува.

„Со овие одлуки, со кои има незначително намалување на цената на топлинската енергија, сметките што ќе ги добиваат потрошувачите приклучени на БЕГ, ‘ЕЛЕМ енергетика’ и ‘Скопје Север’ практично ќе останат на исто ниво како и во изминатата грејна сезона. Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме предизвикана од пандемијата на Ковид-19, трошоците на енергетските компании се пресметани на минимално ниво. Анализите укажуваат дека греењето на топлинска енергија преку централните системи за греење на трите компании во град Скопје останува најекономично и еколошки најоправдано решение. Апелирам секое домаќинство што е приклучено на системите на топлинска енергија од трите компании на територијата на град Скопје да го користат овој енергент“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

— реклама —

На централните системи за греење на трите компании кои се во градот Скопје приклучени се речиси 58.000 потрошувачи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања