Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле да растат, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2026 година, цените биле за 12,7 отсто повисоки во споредба со истиот период минатата година.
Во однос на првото тримесечје од годинава, цените во вториот квартал се зголемиле во просек за 2,7 отсто.
Новите станбени објекти во вториот квартал поскапеле за 0,8 отсто во однос на првите три месеци од годината, додека на годишно ниво нивните цени биле повисоки за 9,2 отсто.
Кај постојните станбени објекти е регистриран поголем раст. Во однос на првото тримесечје, тие поскапеле за 3,4 отсто, а во споредба со вториот квартал од 2025 година, за 14,1 отсто.
На квартално ниво, цените во Загреб пораснале за 4,1 отсто, на Јадранот за 1,2 отсто, а во останатите делови од Хрватска за 3,3 отсто.
Во споредба со второто тримесечје од минатата година, цените во Загреб се повисоки за 15,7 отсто, на Јадранот за 9 отсто, а во останатите делови од земјата за 15,8 отсто.
Индексот на цените на станбените објекти го следи движењето на пазарните цени на куќи и станови купени од домаќинствата. Во пресметката е вклучена и вредноста на земјиштето, а податоците се однесуваат на трансакции изразени во евра што ги доставува Даночната управа.