Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Цените на основната храна се стабилни, горивата поевтинуваат, вели Талески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Приоритет на Владата предводена од СДСМ во време на глобална економска и енергетска криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството, вели Миле Талески, пратеник на СДСМ

„Антикризниот пакет од 26 мерки, веднаш почна да дава видливи резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани.

— реклама —

Со укинување на данокот за додадена вредност, цените на основните производи остануваат стабилни.

ДДВ од 0 отсто има за леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2%, од 3,2 и 3,5% бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца.

— реклама —

Додека цените на горивата насекаде низ регионот растат, кај нас се намалуваат.

Благодарение на намалувањето на ДДВ и на акцизата, нашите граѓани точат нафтени деривати по најниски цени во регионот.

Од полноќ цените на бензините дополнително се намалија за два денари по литар, а цената на дизелот се намали за три денари.

— реклама —

Во време на најголема светска економска и енергетска криза го заштитуваме животниот стандард, не само со одржување на стабилност на цените, туку и со помош и поддршка за граѓаните.

Обезбедуваме субвенции односно ваучери од 1.000 денари месечно, за период од три месеци, за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана.

— реклама —

Финансиска поддршка по 1.000 денари во следните три месеци ќе добијат и над 330.000 пензионери, пред историски највиското зголемување на пензиите, кои од септември во просек ќе бидат поголеми за околу 900 денари.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економската стабилност“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања