Промени тема
Контакт

Цените на основните продукти намалени до 10 отсто поради ограничените маржи, вели Тасевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Владата предводена од СДСМ е силно посветена на заштита на стандардот на граѓаните, во време на најголема светска економска криза,вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

„Ја ограничивме трговската маржа за основните прехранбени продукти.

За лебот, шеќерот и сончогледовото масло за јадење се утврдува трговска маржа до пет отсто на продажбата на мало и до пет отсто на продажбата на големо.

За брашното, јајцата, оризот и тестенините, се утврдува продажна маржа до 10 отсто во трговијата на мало и големо.

— реклама —

Со ова ограничување на маржата, веќе има намалување до 10 отсто на крајната цена на овие производи во маркетите.

Истовремено, продолжуваат засилени контроли за трговците, со цел да нема драстично зголемување на маржите и истите соодветно да се санкционираат.

— реклама —

Оваа одлука ќе важи до 30 септември оваа година, со можност да се продолжи до крајот на годината.

По усвојувањето на ребалансот на Буџетот, следуваат мерки за поддршка на граѓаните и компаниите со цел полесно справување со последиците од кризата.

— реклама —

Од септември 330.000 пензионери ќе добијат повисоки пензии, а зголемување на платите од 15 отсто ќе добијат вработените во образованието, детската заштита и други сектори.

Продолжуваме со вистинска грижа за стандардот на нашите сограѓани“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања