Промени тема
Контакт

Цените растат, економијата тоне, а платите губат вредност, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Ковачевски и СДСМ предизвикаа стагфлација, цените растат, економијата тоне, а платите губат вредност, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Македонија заради неспособноста на СДСМ имаме реална стагфлација, инфлацијата е на енормни 6.7%, додека производството опаѓа, економијата тоне.

Само во првите 48 дена владата направи буџетски дефицит од 164 милиони евра, што е 30% од предвидениот дефицит за цела година. Ова ќе иницира ребаланс, и ново задолжување, кое ќе треба да го враќаат и уште неродените деца.

— реклама —

И додека економијата тоне, цените вртоглаво растат, за година иполовина цените на горивата скокнаа за над 60%, зејтинот за 40%, брашното за 38%, млекото за над 20%. Буквално нема производ чија цена не е драстично зголемена.

— реклама —

Цените растат, трошоците за животот исто така, а власта одбива покачување на платите, дури и минималната плата која имаше зголемување, е еден вид израмнување, затоа што инфлацијата веќе одамна ја има изедено минималната плата.

Денес во Македонија имаме сиромаштија. 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден.

— реклама —

Со Ковачевски и СДСМ дното само ќе се продлабочува. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања